20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Со закон се задолжителни маските на отворено, инспекторите можат и треба да затвораат и казнуваат угостителски објекти кои кршат ковид протоколи, го повикувам Мицкоски да не го доведува во опасност

Во продолжение одговори на премиерот Заев, на новинарски прашања по одржаната седница на Советот за безбедност од страна на Претседателот Пендаровски.

На прашањето дали ќе се воведе вонредна состојба:

Заев: Мислам дека сè беше кажано, но еве ќе се обидам само да дополнам за да се знаат убаво и чисто ставовите, а верувам дека една реченица многу ќе разјасни. Вонредна состојба нема врска со полициски час или карантин, значи не ни треба вонредна состојба за да Владата прогласи полициски час, не ни треба вонредна состојба за да прогласиме карантин на град, меѓуградско контактирање, вонредна состојба.

Тоа заради јавноста, знам дека вие знаете новинарите, заради граѓаните да знаат убаво е прашањето, вонредна состојба обично се носи кога треба брзи реакции, брзи одлуки или слично. Парламентот работи и функционира, мене ме плаши неотворената можност за онлајн работа на Парламентот, заради тоа што како што имам информации, можеби не ми се точни, до сега од конституирањето на Парламентот до денеска имаме 10% заразени или во самоизолација или членови на семејствата на пратениците заразени, сите заедно некој 10%. Ова го кажувам дека допрва доаѓа крајот на есента почетокот на зимата и имајќи го сето тоа предвид, јас очекувам дека сегашната законска регулатива посебно со Законот од вчера, донесен е и Законот за кредитот со Светската Банка. Донесен е, верувам и сето она што претставува наша законска регулатива, согласно која како Влада носиме одлуки, верувам дека и ребалансот на Буџетот ќе биде донесен до крајот, заради економскиот аспект на кризата, но и заради здравствениот аспект, којшто е вграден во самиот ребаланс на Буџетот. Ќе имаме доволно широчина, како еден од тие којшто ја претставува институцијата, тоа е Владата со право да побарам вонредна состојба, јас не гледам како што и претседателот не гледа потреба од вонредна состојба, секогаш и во минатото потенциравме убаво е Парламентот да се конституира, убаво е Парламентот да работи, Парламентот е конечниот и најголем гарантор на слободите и правата, кој што е очите на јавноста, гласот на граѓаните или слично и треба да функционира, но поентата ми е вонредна состојба е сосема различно од полициски час или од карантин, вонредна состојба се носи заради поефикасно носење на одлуки.

На прашањето дали Владата калкулира со здравствените мерки заради економија:

Заев: Еве вака, јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

(Фотогалерија) Заев: Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација!

CENTAR MKD

Премиерот Заев прими претставници на новоформираната Регионална боксерска лига: Спортот е најдобра афирмација на земјата, развојот на македонскиот бокс во нагорна линија

M T

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

M T

Заев од Брисел: Португалскиот предлог нуди решение, Бугарија и ЕУ да ги исполнат очекувањта на граѓаните

CENTAR MKD

Заев од Брисел: Ќе одам и во Софија, ги користам сите дипломатски канали

CENTAR MKD

Заев: СДСМ е фаворит на локалните избори

CENTAR MKD