20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица во Хрватска.
Медицинска сестра од тој оддел има коронавирус, а симптоми добил и физиотерапевтот што работи со деца, пренесува порталот „Ни Загорје Мало“.

Физиотерапевтот отишол на тестирање и не е сигурно кога ќе дојдат резултатите, пренесува порталот „Индекс“, во кој се наведува дека некои од тестираните во Загорје чекаат на своите наоди веќе една недела.

Инфицираната медицинска сестра не била во контакт со децата, а децата во тоа одделение претежно спаѓаат во група што не може да носи заштитни маски. Четири деца, кои во моментот се во превентивна самоизолација, биле во контакт со физиотерапевтот.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T

Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска, починал на пат кон болница

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T