11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО Народна: Во Бугарија по аптеките има брзи тестови за коронавирус кои се купуваат за 12 евра без рецепт

Бидејки не можеме да ја разбереме контрадикторноста на претседателот на Комисијата за заразни болести, Д-р. Жарко Караџовски кој од една страна се сомнева во брзите тестови за Ковид-19, а притоа и самиот констатира дека во наредниот период ќе се набавеле како што кажа самиот тој, брзи тестови за брзо дијагностицирање на Ковид-19, ги приложуваме овие фотографии на брз тест кој е набавен во аптека во соседна Бугарија без рецепт по цена од 12 евра, велат од ВМРО Народна Партија како реакција на изјавата на Д-р Жарко Караџовски.

 

Pixabay / Илустрација

-Се надеваме дека Д-р Жарко Караџовски ќе ја расчисти дилемата и ќе може да донесе чист заклучок без да се иронизира моментот дека штом се продавале во аптека брзите ковид-тестови наликувале на тестови за бременост, велат од ВМРО НП.

Претходно Караџовски изјави дека тестовите за Ковид-19 не се тестови за бременост па да се продаваат во аптеките.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T