13.8 C
Скопје
15. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Денес е денот на полицијата

Денеска 12 часот во паркот во општина Аеродром (авион) во Скопје ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција 7-ми Мај. На настанот свои обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија. Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици, како и забавна програма со популарни изведувачи после официјалниот дел.

Ги покануваме заинтересираните медиуми кои сакаат да го проследат настанот, да пристигнат на местото на настанот до 11.30 часот.