Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев – Димовски: Социјалниот дијалог е на високо ниво

Премиерот Зоран Заев денеска во Владата прими делегација на Сојузот на синдикатите (ССМ) предводена од претседателот Дарко Димовски.

„Учесниците на средбата, го поздравија напредокот на социјалниот дијалог, меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како единствена движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и подобрување на квалитетот на сите граѓани. Беше констатирано дека постои волја за унапредување на социјалниот дијалог, за кој е заклучено дека изминатиот период е издигнат на високо ниво, со цел да се придонесе за унапредување и заштита на работничките права и обезбедување поголема социјална сигурност во кризните услови предизвикани од КОВИД-19“, соопштија од Владата.

На средбата било разговарано и за активностите на ССМ со посебен фокус на прашања кои се отвораат и кои е потребно да се регулираат во новиот Закон за работни односи за време на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, како и интервентни измени во постоечкиот Закон како одговор на сегашните предизвици на пазарот на трудот.

Премиерот Заев истакнал дека Владата останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, посебно нагласувајќи дека задоволните работници ја движат државата напред и истакнувајќи ја улогата и партнерскиот однос со синдикатите и работодавачите.

Претставниците на Сојузот на синдикатите изразиле поддршка за мерките на Владата за надминување на актуелната криза и обезбедување на егзистенција на сите работници, компании и граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК – Отворени избирачките места, над 16.000 граѓани со право на глас

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Шестмина млади мажи приведени по напад врз 18-годишник

ДЕСК