18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тага во Велес: 24 жртви од коронавирусот, 10 во последната недела, почина и свештеник на МПЦ

По четиридневна хоспитализација во Инфективното одделение од болницата во Велес, утрово почина маж на возраст од 58 години, објавија од болницата која овие денови се соочува со полни капацитети и висока стапка на смртност меѓу пациентите.

„Утрово околу 8:30 часот почина маж на 58-годишна возраст од Богомила, кој е примен во болница на 22.10.2020 година со позитивен тест и од приемот е на кислородна поддршка“, соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Порталот Батали.нет објави дека починатиот бил свештеник на МПЦ-ОА. Тој е 24 жртва на коронавирусот во Велес од почетокот на епидемијата.

На Инфективното одделение во велешката болница минатата недела имаше девет починати, а трагичниот биланс, за жал продолжува и во новата недела.

Инаку, на одделението во моментов се хоспитализирани 41 пациент, од кои 32 имаат потврдени позитивни тестови, а девет се сомнителни случаи.

Дури 15 пациенти се на кислородна поддршка.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T