10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Остро предупредување на Макрон: Воведен е полициски час, ќе се најде секој што ќе ги прекрши мерките

Претседателот на Франција, Емануел Макрон и се обрати на јавноста по повод воведувањето на вонредната состојба.

Тој рече дека секој што ќе ги прекрши воведените мерки ќе биде пронајден. Тој посочи дека повеќе нема патувања во ресторани и собири на пријатели. Јавниот превоз нема да биде укинат.

Полицискиот час ќе биде во сила од 21 до 6 часот наутро, почнувајќи од сабота. Ќе остане на сила во наредните четири недели, рече Макрон.

Усвојувањето на вонредната состојба им дава на властите законска власт да воведат остри мерки.

„Епидемијата е катастрофа во јавното здравство што, по својата природа и сериозност, го загрозува здравјето на населението“, соопштија француските власти.

Француските здравствени власти објавија дека бројот на хоспитализирани лица поради ковид 19 го надминал прагот од 9.100 за прв пат од 25 јуни, пренесува Спутник.

Регистрирани се уште 22.591 инфекција, а 104 лица починаа во последните 24 часа.

Вкупниот број на потврдени случаи се искачи на 779.063 на ниво на Франција од почетокот на пандемијата до вчера.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Паника во Париз – Запленетите документи од куќата на Трамп би можеле да кријат валкани тајни од креветот на Макрон

M T

Макрон критикуван во Франција поради средбата со саудискиот принц

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T