12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Хрватски министер: Не исклучувам дека ќе има и по 1000 заразени дневно

„Не исклучувам дека ќе има 1.000 заразени на ден.” Хрватскиот министер за здравство Вили Берос ја опиша состојбата со коронавирус во Хрватска како загрижувачка, откако беа пријавени нови рекордни 748 случаи на коронавирус.

“Ситуацијата е загрижувачка, но не е изненадувачка. Околностите во изминатиот месец, како и околностите во Европа и светот, укажуваат на тоа дека бројот на новоинфицирани расте насекаде, како и во Хрватска”, изјави Берос за РТЛ.

Тој додаде дека поголемите собири на луѓе во последниот месец создадоа некои жаришта што предизвикаа такво зголемување.

“Покрај тоа, постои студено време и фактот дека сме повеќе во затворени простории и тоа влијаеше на зголемувањето на бројот на заразени лица. Ќе има уште повеќе заразени лица, затоа треба да се однесуваме одговорно и да ги почитуваме мерките”, рече министерот.

Тој не ја исклучи можноста секој ден да има повеќе од илјада заразени лица во Хрватска.

“Можно е бројот на нови инфекции да се зголеми во наредните денови. Сепак, особено е важно да разбереме дека треба да се однесуваме одговорно, самодисциплинирано и сериозно и да ги почитуваме мерките што ги препорачавме. Ако не сме одговорни, ако се дружиме, бројките ќе растат и понатаму “, рече Берос.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T

Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска, починал на пат кон болница

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T