9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Британските шпиони ја чуваат вакцината

Британските шпиони се обидуваат да ја заштитат работата на вакцината ковид 19 од непријателските сили кои се обидуваат да украдат или саботираат податоци за истражувањето во трката за глобалната награда за имунитет, изјави денеска генералниот директор на Службата за безбедност, Кен Мекалум.

„Јасно е дека глобалната награда за првата употреблива вакцина против овој смртоносен вирус е голема, па затоа очекувавме дека луѓето низ другите земји низ светот ќе бидат доста заинтересирани за тоа истражување“, рече директорот на МИ5, пишуваат медиумите.

Кандидатот за вакцина за Универзитетот во Оксфорд и Астра Зенека е во доцна фаза на тестирање, додека кандидатот за вакцина што ја развива Царскиот колеџ во Лондон е во рана фаза на клинички испитувања.

Според Светската здравствена организација (СЗО), повеќе од 150 потенцијални вакцини се развиваат и тестираат на глобално ниво за да се запре пандемијата на ковид 19, при што 42 се тестирани на луѓе.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T