7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Речиси 200 новоинфицирани лица во Црна Гора, четири лица починаа

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани уште 193 новозаболени лица и четири смртни случаи, објави Институтот за јавно здравје.

Најмногу заразени се од Подгорица – 108.

Од вчерашниот пресек во Црна Гора, четири пациенти кои биле позитивни на коронавирус починале.

Починатите се родени во 1952, 1974, 1939 и 1938 година.

Заклучно со вчера, 138 пациенти се опоравија.

Во Црна Гора во моментов има 4.043 активни луѓе, што е 641 лице на 100.000 жители.

Тестирани биле околу 700 лица.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со ковид19 од почетокот на јуни е 208, а од почетокот на годината – 217.

Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот коронавирус е 14.461.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Црна Гора: Започна натпреварот во лежење. Победникот „носи дома“ многу пари

M T

Црна Гора ги враќа мaските

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T