14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Прекинато испитувањето на вакцина против коронавирусот: Доброволците добиле необјаснета болест

Привремено е прекинато испитувањето на потенцијалтана вакцина против коронавирусот, кој ја развива компанијата „Џонсон и Џонсон“, поради болест на учесниците во тестирањето. Како што се наведува, болеста на учесниците во тестирањето ја истражува независен комитет за следење на податоците и безбедноста.

Во соопштението се посочува дека ваквите паузи се вообичаени за време на големите истражувања, во кои може да учествуваат десетици илјади луѓе.

Ова е второ одложување на тестирањето на вакцините спроведено од неколку производители во светот откако „Астра зенека“ ја стави на пауза доцната фаза на тестирање на својата експериментална вакцина, која се развива на Универзитетот во Оксфорд, исто така поради болеста на учесниците во студијата.

Тестовите за вакцината во Велика Британија, Бразил, Јужна Африка и во Индија продолжија, но сè уште паузираат во САД.

„Џонсон и Џонсон“ минатиот месец објави дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произведува силен имунолошки одговор во раните и средните фази на испитувањето по што почна последната фаза со 60.000 учесници, а резултатите се очекуваа подоцна оваа година или на почетокот на следната.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T