16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МОН: 7 ученици и 5 наставници имале настава со физичко присуство од активните случаи на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека заклучно со денес, 12 часот, има вкупно 42 активни случаја на Ковид-19 кај учениците и 65 кај наставници. Од нив, 29 ученици се од основно образование, 13 од средно, а 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование.

Од активните случаи во средно образование, ниту еден од учениците и наставниците не учестувале во настава со физичко присуство и во согласност со тоа немале контакт со остатокот од учениците или наставниот кадар. Во однос на основните училишта, од активните случаи, 7 од учениците и 5 од наставниците имале настава со физичко присуство во училиштата.

МОН известува дека во сите случаи почитувани се препораките од центрите за јавно здравје и е постапувано во согласност со алгоритмите. Учениците што следеа настава со физичко присуство, а сега се во изолација поради Ковид-19, учењето го продолжуваат од далечина, со што се обележува континуитет во образовниот процес.

Од Министерството велат дека од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Затоа, МОН апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата, со што ќе го спречат ширењето на болеста. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита.

Исто така, благодарение на воспоставениот начин на учење од далечина, наставата успешно се спроведува во време на пандемија. Околу 87 % од учениците ги следат часовите онлајн, без никакви тешкотии. За преостанатите, кои немаат уреди или интернет-конекција, часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал. Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн-наставата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Македонија ќе купи од Франција опрема за противвоздушна одбрана

M T

Михаел Рот денеска во Македонија на средби со државниот врв

M T

Во Македонија не е регистриран случај на мајмунски сипаници

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T