14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Државата ќе уплати аванс за набавка на вакцини против Ковид-19

На денешната владина седница усвоена е информацијата за склучување договор за преземени обврски помеѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за Ковид-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини протв коронавирусот.

Како што информираат од владината прес-служба, на седницата прифатен е текстот на Обврзувачкиот договор за набавка на вакцините.

Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за остварување на оваа набавка и го овласти министерот за здравство, Венко Филипче, да го потпише договорот за преземни обврски со Глобалниот сојуз за вакцини.

Во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата треба да се обезбедат потребните финансиски средства за да се изврши уплата на аванс и да се обезбеди финансиска гаранција согласно потпишаниот договор за преземени обврски со GAVI ALLIANCE .

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T