9.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Николов: Поголема смртност од Ковид-19 од нас во регионот има само Романија

Македонија е претпоследна во регионот, има најголем број на починати на 1 милион жители веднаш после Романија. Ова нема што да не зачудува. Во системот не се промени ништо, лекарите и здравствените работници беа тие кои се судрија со вирусот, а кои беа оставени без опрема на почетокот и со цело срце и душа влегоа во битка со Ковид-19, додека нивниот ПР министер држеше пресови два пати на ден, вели Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, дека ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус.

„ Во стилот на старите добри сталинистички времиња, се јави Венко Филипче со триковите и финтите на Зоран Заев да ја корегира опозицијата, но и да прати абер до оние новинари што малку повеќе анализираат. По примерот, на Заев кој пред некое време објави табели за платите на докторите и сестрите, но со ситни букви дека станува збор за бруто плата, така и Венко ги заменува статистичките термини смртност и број на починати на 1 милион жители. Користејќи различни термини, исто како што правеше на почетокот на епидемијата, кога опозицијата апелираше да се подготвиме за ударот и да се превземат мерки, Венко Филипче објаснува дека се злоупотребува терминот смртност за политички цели, а всушност во јавноста се зборуваше за број на починати од Ковид на 1 милион жители. Смртноста ни била добра од Ковид, иако тој и Министерството, не обезбедија респиратори. Не обезбедија тестови чии резултати ќе ги имаме брзо и ќе се носат одлуки брзо за секој пациент дали е Ковид + или не, па сега ќе се фали дека тестирал пост мортем. Се во име на транспарентноста и маркетингот зачинет со ПР трикови“, вели Николов.

Тој сподели линкови и табели со анализа кои, како што вели зборуваат за број на заразени и починати на милион жители каде што Македонија е претпоследна во регионот, има најголем број на починати на 1 милион жители веднаш после Романија.

„Доколку беше транспарентно, јавноста ќе имаше увид на кој начин Филипче ја составил Комисијата за заразни болести, зошто го сменил пред еден месец претседателот на Комисијата на заразни болести, ќе имаше увид во тестовите, времето и бројот на на нивното соопштување, ќе имаше увид колку години се стари респираторите кои се користат на Инфективна клиника, дали функционира собата со негативен притисок, колку квадратни метри простор има по пациент на интензивна нега, каква дијализа има ацетатна или бикарбонатна, колку денови во просек биле на респиратор починатите, зошто сеуште немаме неинвазивни вентилатори така наречени „кациги„ CPAP кои што ги гледаме на клиповите од италијанските болници. Тоа е транспарентност, се друго е ПР Маркетинг на кој министерот не одолеа да му се спротивстави, па виновни му се новинарите и опозицијата“, вели Николов.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T