11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите упаднаа во полициската станица во Минеаполис, запалија пожари и уништија сè што е на нивниот пат во текот на третата ноќ на насилни протести поради смртта на црнецот, барајќи одговорните полицајци да бидат казнети. Во градот е прогласена вонредна состојба, пренесува „Би-би-си“.

Третиот штаб на полицискиот оддел во Минеаполис беше уништен доцна во четвртокот навечер, а толпа демонстранти е видена како влегуваат во зградата, кршејќи прозорци, додека некои се обиделе да ја запалат.

Иако присуството на полицијата во тоа подрачје било големо во текот на денот, се чини дека полицајците потоа се повлекле, не спротивставувајќи се на упадот во полициската станица.

Медиумите јавуваат дека се слушнале противпожарни аларми и дека се вклучени прскалки за гасење на пожарот, додека толпа демонстранти се наоѓа пред зградата.

Полицијата соопшти дека зградата е евакуирана поради безбедноста на персоналот.

Четворица полицајци кои беа отпуштени поради смртта на црнецот Џорџ Флојд, наводно, работеле во полициската станица каде што протестите ескалираа порано оваа недела.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои уништија сè што им е на патот.

Во Минеаполис беше прогласена вонредна состојба, а немирите се раширија во Чикаго, Лос Анџелес и Мемфис.

Џорџ Флојд почина откако полицискиот службеник за време на апсењето со колено му го притискал вратот осум минути, додека уапсениот молел да го пуштат да оди бидејќи не може да дише.

Тој почина набргу после тоа, па затоа илјадници граѓани излегоа на улиците на Минеаполис по инцидентот во понеделникот, барајќи правда.

Протестите траат веќе три ноќи.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ноќни немири во затвор во Колумбија – Загинаа најмалку 51 човек

M T

29 лица загинаа во немирите во затворот во Еквадор

M T