Посериозни рестрикции се токмат од страна на Комисијата за заразни болести, откако ситуацијата со коронавирус во Македонија ескалира, а пред само два дена беше забележан рекорд од над илјада заразени за 24 часа.
Една од мерките е кафулињата и рестораните да се затвораат по 21 часот.
Досега кафулињата работеа до 23 часот.
Комисијата уште денес се очекува да го поднесе овој предлог до Владата, која утре ќе оддржи седница и најверојатно ќе го усвои.
Неодамна министерот Филипче најави дека следен посериозен чекор би бил полициски час, доколку актуелните мерки за носење на маски на отворено, забрането групирање и скратено време на угостителските објекти не вродат со плод.
Спонзорирано: