Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Можни нови рестриктивни мерки во Македонија – Ќе се намали работното време на кафичите и рестораните!?

Минатата недела, но и оваа, бројките покажуваат дека ковид-19 се шири, а тоа е причина да се вратат благи рестриктивни мерки, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје. Според евиденцијата, бројот на смртни случаи е загрижувачки висок, а не опаѓа ниту бројот на новозаразени пациенти, што зборува дека ширењето на вирусот не стивнува, пишува Мета.мк.

– Ситуацијата е сериозна. Ние сме далеку од спас од ковид-19 и тоа е така зашто не ги почитуваме мерките. Затоа, можно е да се воведат рестриктивни мерки од типот на намалување на работното време на локалите кои сега работат до 12 односно 1 часот по полноќ. Потоа, има шанси да има рестрикции во јавниот градски и меѓуградски превоз. Училиштата и градинките ќе си работат бидејќи таму се очекува да се почитуваат мерките и протоколите. Ние половина година константно имаме проблем, не сме имале досега ниту еден ден без ковид случај и ден без смртен случај – вели д-р Стојанов за Мета.

Можеби ќе ве интересира

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали во Брисел се сретна со претставници на Европската комисија и COELA

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 32°C: Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК