Во Словачка, во последните 24 часа се регистрирани 2.581 нов случај на коронавирус.
Тоа е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, рече премиерот Игор Матовиќ денес во парламентот.
Уште 19 пациенти починаа, со што вкупниот број на смртни случаи од ефектите на ковид се искачи на 134, пренесува ТАСР.
Словачката влада во четвртокот нареди делумен карантин со затворање на повеќето училишта.
Граѓаните се замолени да останат во своите домови освен кога станува збор за купување основни производи.
Спонзорирано: