Шилегов на маалска средба: Кисела Вода се развива заедно со Скопје, со граѓаните ја подготвивме најдобрата понуда за овие локални избори
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, придружуван од градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски вечерва беше на маалска средба со граѓаните на Кисела Вода.


