3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мајка од Тексас во сред парк ја избодела и задавила својата пет-годишна ќерка, па ја ставила во пластична ќеса

Жена од американската сојузна држава Тексас е обвинета за убиство на својата пет-годишна ќерка.

Според информациите од властите, 37-годишната мајка ја избодела и ја задавила својата пет-годишна ќерка среде парк, северно од Хјустон, а потоа ѝ ставила пластична ќеса на главата.

Мелиса Таун (37) го признала убиството откако девојчето било пронајдено завиткано во различни ќеси во нејзиниот автомобил, изјави шерифот на округот Харис, Ед Гонзалес.

Изгледа дека на девојчето ѝ бил пресечен вратот.

Таун е притворена со кауција од 15 милиони долари.

Убиството се случило во неделата во паркот Спринг Крик во Томбол. По убиството, Таун го однела девојчето во локална болница, каде медицинска сестра од итната медицинска помош го пронашла девојчето во џипот, по што била констатирана смрт.

Таун признала дека го однела девојчето во шумата во паркот и ѝ го пресекла грлото.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Уапсена мајката чии деца биле пронајдени мртви во куфери на Нов Зеланд

M T

Кралот Чарлс: Ќе и служам на земјата несебично како мајка ми

M T

Претседателот на Австрија се лизнал додека се шетал во парк, добил помал потрес на мозокот

M T

Скопјанец со столче ја тепал сопствената мајка

M T

Путин ѝ забрани на ќерката да патува во странство, се плаши дека нема да се врати во Русија

M T

Притвор за тетовец кој ја уби сопствената мајка

M T