21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Путин ѝ забрани на ќерката да патува во странство, се плаши дека нема да се врати во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин ја спречил ќерка си да отпатува во странство, каде сакала да го прослави роденденот. Ова, наводно, го направил од страв дека таа нема да се врати во Русија.

Научничката доктор Марија Воронцова сакала да лета во пријателска земја на тропска плажа за да го одбележи својот 37. роденден следната недела. Таа го планирала романтичното бегство со партнерот Евгениј Нагорни (33), со кого е во врска по распадот на нејзиниот брак, според General SVR Telegram, кој тврди дека има внатрешни информации од Кремљ.

„Путин одговори со категорично одбивање, и ги засили заштитните мерки за Марија“, тврди рускиот портал.

„Според нашите информации, најстарата ќерка на претседателот не планирала да се врати во Русија.“

Марија – која беше санкционирана од западните земји поради нејзините семејни врски со Путин – има осумгодишен син (полу-Холанѓанец) од бракот со нејзиниот поранешен сопруг Јорит Фасен.

Инаку, Марија е најстарата ќерка на Путин што ја доби со поранешната сопруга Људмила. Таа е една од санкционираните руски државјани поради семејната поврзаност со Путин. Сега не ѝ е дозволено да патува во повеќето западни земји.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мајка од Тексас во сред парк ја избодела и задавила својата пет-годишна ќерка, па ја ставила во пластична ќеса

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T