13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсена мајката чии деца биле пронајдени мртви во куфери на Нов Зеланд

Јужнокорејската полиција уапси жена за која се верува дека убила две деца чии тела биле пронајдени минатиот месец во куфери на Нов Зеланд.

42-годишната жена е осомничена дека побегнала од Нов Зеланд во Јужна Кореја во 2018 година, откако наводно ги убила своите деца, тогаш 7 и 10 години, во Окленд, соопштија властите.

Таа ги негираше обвиненијата за убиство откако беше уапсена по црвена потерница на Интерпол, соопшти јужнокорејската полиција.

Нов Зеланд мора официјално да побара екстрадиција на осомничената во рок од 45 дена за јужнокорејскиот суд да го разгледа барањето, соопшти Министерството за правда во Сеул.

Новозеландската полиција покрена истрага за убиство во Окленд, откако останките на убиените деца ги пронашло едно семејство при проверка на содржината на магацинот што го купиле невидено на аукција.

Семејството кое ги пронашло телата не е поврзано со смртта на децата.

Нов Зеланд и Јужна Кореја заедно учествуваат во истрагата и заеднички ја барале мајката на децата, бидејќи во меѓувреме дознале дека таткото на децата починал од рак една година пред да се преселат со децата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Мајка од Тексас во сред парк ја избодела и задавила својата пет-годишна ќерка, па ја ставила во пластична ќеса

M T

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Кралот Чарлс: Ќе и служам на земјата несебично како мајка ми

M T