17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг за Поглавјето 26, „Образование и култура“ во своето воведно излагање рече дека Владата ја препознава важноста на образованието, обуката и програмите за млади, како клучни носители на развојните политики кои придонесуваат за економски раст и отворање нови работни места.

-Младите заслужуваат европска иднина и можности како нивните врсници во Европската Унија, а наша обврска е тоа да им го овозможиме. Направивме важни реформски процеси и прододолжуваме да напредуваме понатаму, рече вицепремиерот Маричиќ пред претставниците на Европската комисија.

Маричиќ се осврна на реформите и на тековните активности и проекти на кои се работи во областа на образованието и културата, потенцирајќи ја реформата во стручното образование, чија цел е подговтовка на младите да одговорат на барањата на пазарот на трудот.

-Тука спаѓа и формирањето на Регионални центри за стручно образование и наука. Во рамки на постојаните напори за подобрување на квалитетот на образованието, согласно Стратегијата за образование на возрасни 2019-2023 година, еден од најважните приоритети е воспоставување систем за признавање на неформалното учење, кој ќе им овозможи на лицата да се стекнат со квалификација и имаат поголема вклученост на пазарот на трудот, рече Маричиќ.

Во однос на младинските политики, тој истакна дека властите продолжуваат да формираат Младински центри во секоја општина за поддршка на младите, дека е донесен е Законот за младинско учество и младински политики, а најави и дека се подготвува нова Стратегија за млади 2023-2027 година.

-Што се однесува до програмите на ЕУ во оваа област, Северна Македонија е многу успешен учесник. Ги потпишавме и почнавме да ги спроведуваме договорите за учество во Еразмус + и Европскиот солидарен корпус, за новиот финансиски циклус. Програмата Еразмус+ се управува со значителна стапка на посветеност и капацитет на апсорпција. Во рамките на 2014-2020 година доделени се 4199 грантови, со вклучени над 32.000 учесници и исплатени 37 милиони евра, посочи Маричиќ.

Во овој дел директорот на Националната агенција за европски програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, истакна дека Националната агенција посветено работи на промоција на Програмите Еразмус+ и Европски солидарен корпус, преку организирање на работилници за добро информирање и запознавање со програмите.

-Создаваме можности за сите, особено за младите. Преку Национални тимови за обука во стручно образование се подготвуваме за следната година – Година на вештини на европско ниво. Вклучувањето во програмите, Истражи ја ЕУ и Спорт ги доближуваме и истакнуваме бројните можностите за сите, рече директорот Ѓоргиевски.

Во областа на културата, главниот преговарач со ЕУ Маричиќ кажа дека Министерството за култура останува посветено на програмата Креативна Европа, како еден од главните европски проекти за поддршка на европската културна соработка изразена преку културни творби и обединување на различностите, во чии рамки поддржани се 14 проекти со вкупен износ од околу 2,5 милиони евра грантови, додека во рамките на потпрограмата МЕДИА се поддржани 3 проекти со 142.000 евра.

Денес во Брисел се одржуваат два објаснувачки скрининг состаноци за Поглавјето 26 „Образование и култура“ и Поглавјето 19, „Вработување и социјална политика“,на кои Европската комисија ќе го презентира новиот корпус на ЕУ законодавство донесено во периодот по 2018/19 година.

Можеби ќе ве интересира

Младите да бидат активно вклучени во носењето на одлуки – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Валандово

M T

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

Маричиќ: Судските реформи се клучни за забрзување на евроинтеграциите

M T

Маричиќ: Во преговарачката рамка нема ниту едно прашање поврзано со историјата и Протоколот

M T

Маричиќ: Важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите, верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја сфати тежината на овој процес

M T

Маричиќ: Државниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис на земјоделство во 2023

M T