20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Олена Зеленска ќе оди на погребот на Елизабета Втора – Русија не е поканета

Погребот на Елизабета Втора во Вестминстерската опатија следната недела ќе биде голем дипломатски настан. Се очекува доаѓањето на повеќе од 100 членови на различни монархии, шефови на држави и други личности

Високи руски функционери се бесни откако британското кралско семејство одби да ги покани на погребот на кралицата Елизабета Втора. За тоа време Киев, со кој Москва е во конфликт од февруари, потврди дека првата дама, Олена Зеленска во име на Украина ќе присуствува на последното збогување на Елизабета.

И додека официјални лица ширум светот беа поканети на погребот, кој многумина го нарекуваат најголемиот овој век, рускиот претседател Владимир Путин не беше поканет, иако за време на неговото владеење неколку пати се сретна со кралицата Елизабета Втора.

„Овој потег на Британците го гледаме како обид да се искористи националната трагедија, која допре до срцата на милиони луѓе ширум светот, за геополитички цели и да се пресметаат со нашата земја во моментите на нивната најголема тага“ – објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа додаде дека тоа е „особено богохулно за споменот на Елизабета Втора“.

Портпаролката на руската дипломатија изрази жалење што Велика Британија ја користи руската офанзива во Украина како „изговор“ да не ги кани руските претставници на погребот на Елизабета Втора, што ќе се организира во понеделник во Лондон.

Русија и Велика Британија се во затегнати односи од февруари, кога започна конфликтот во Украина, откако британските власти од самиот почеток му даваа поддршка и помош на Киев.

Велика Британија не ги покани претставниците на Русија, Белорусија и Мјанмар да присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, кој ќе се одржи следниот понеделник.

На погребот на кралицата се очекува да присуствуваат околу 500 достоинственици од целиот свет. За повеќето земји, поканата се однесува на шефот на државата плус еден гостин.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T

Претседателот Пендаровски и сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета

M T

Првата дама на Украина: Многумина се подготвуваа за спринт, сега се борат на маратон

M T

Олена Зеленска: Војната во Украина не е војна „некаде“, ова е војна во Европа и на границите на ЕУ

M T

Хорор во Мексико: Откако го погребале се појавил на вратата од својата куќа

M T

Се огласи синот на Амди Бајрам: Ни кажаа дека починал од мозочен удар, а не од коронавирус – заслужува достоинствен погреб

CENTAR MKD