26.8 C
Скопје
28. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Истрага во словенечка болница: жив човек прогласиле за мртов, семејството погребало погрешен човек

Во Општата болница во Целје, Словенија, бил сменет идентитетот на двајца постари пациенти, од кои едниот починал, а другиот останал жив.

Словенечката полиција повела истрага, а раководството на болницата понудило оставка поради инцидентот.

Според информациите, болницата го прогласила преживеаниот за мртов и го известила семејството, кое го погребало починатиот пред да биде откриена грешката во болницата.

Грешката била откриена дури кога преживеаниот пациент бил вратен во домот за стари лица.

Како што јави словенечката телевизија, двајца постари пациенти биле донесени со исто возило на брзата помош од ист дом за стари лица и со себе немале белезици за идентификација, па информациите ги презеле од екипата на брзата помош.

Во оваа ситуација се огласи министерот за здравство, Бешич Лоредан, кој рече дека ова е прв ваков случај во Словенија и додаде дека очигледно имало замена на идентитетите.

Можеби ќе ве интересира

Со мотоцикл удрил во пешак, двајцата завршиле во болница

M T

Ова се грините кои секоја вечер се парат на лицето на човекот: „Тие стануваат симбиони на човекот“

M T

Пукање во супермаркет во Орегон, најмалку три лица загинаа меѓу кои и напаѓачот

M T

Шест лица се повредени во близина на болница во Мемфис, Тенеси

M T

Убиен министер и син на поранешен претседател на Доминиканска Република

M T

Пукање во болница во Оклахома, убиени четири лица

M T