5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Првата дама на Украина: Многумина се подготвуваа за спринт, сега се борат на маратон

Првата дама на Украина Олена Зеленска рече дека петмесечната војна ги принуди Украинците да ги приспособат своите очекувања.

Таа додаде дека откако се подготвиле за конфликтот за кој мислеле дека ќе биде спринт, многумина сега се борат со веројатноста за маратон.

„Многу е тешко да се издржат пет месеци. Мора да акумулираме сила, мора да заштедиме енергија. Не можеме да го видиме крајот на нашето страдање“, изјави Зеленска.

Како и нејзиниот сопруг, Зеленска го нарече нападот „тероризам“.

Иако изјавила дека е шокирана од нападот, таа објаснила дека е огорчена од тоа колку пати методите на руската војска ја оставиле запрепастена.

„Многупати бевме шокирани. Не знам со што друго би можеле да не шокираат окупаторите“, рече Зеленска, пишува Си-Ен-Ен.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T