20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Кина стави во карантин град со 21 милиони жители поради коронавирусот

На сите жители на Ченгду, главниот град на југозападната кинеска провинција Сечуан, им е наредено да не ги напуштаат своите домови од 18 часот денеска, освен задолжителното тестирање за Ковид-19.

Според строгите епидемиолошки мерки на властите во градот со над 15 милиони жители, домаќинствата можат да испратат едно лице со негативен тест во текот на денот да купи намирници, а жителите со итни барања, како одење на лекар, се предмет на одобрување на комисијата на куќниот совет.

Сите бизниси се затворени освен супермаркетите, аптеките и болниците, пренесува медиумот.

Новите мерки го одразуваат инсистирањето на Кина на таканаречената политика на нулта толеранција кон коронавирусот, која има за цел да ја потисне секоја појава во рана фаза.

Ченгду пријави 156 случаи на Ковид-19 во средата, со што вкупниот број на случаи се искачи на повеќе од 700 во изминатата недела.

Можеби ќе ве интересира

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Прв случај на мајмунски сипаници во Кина

M T

Тајфунот Муифа ја погоди Кина, повеќе од милион евакуирани

M T

Бројот на загинати во земјотресот во Кина се искачил на над 80 лица

M T