14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

20 годишен Американец е во кома по 20.000 убоди од пчели

20 годишен Американец е во кома откако бил искасан 20.000 пати од „пчели убијци“, објавило во средата неговото семејство.

Остин Белами е на респиратор и е во индуцирана кома во Универзитетската болница во Синсинати, Охајо.

Човекот во петокот наутро кроел лимон кога без да забележи исекол кошница од пчели убијци.

Овие инсекти, наречени и африкански пчели, се многу агресивни. Пчелите ги нападнале и неговата баба и вујко, кои биле во близина, па не можеле да му помогнат. Младиот човек бил искасан повеќе од 20.000 пати и проголтал околу 30 пчели. Болничарите ги извадиле пчелите од него до недела наутро, пренесува медиумот.

Лекарите веруваат дека тој целосно ќе закрепне.

Можеби ќе ве интересира

Пчели нападнале двајца мажи во Словенија, еден починал на пат кон болница

M T

Истражувањата потврдија: Влијанието на зрачењето врз животот на пчелите постои

M T