20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кремљ ја поддржа Кина: САД да не го провоцираат Пекинг поради Тајван

Кремљ и понуди силна поддршка на Кина во врска со тензиите со Вашингтон во врска со Тајван, предупредувајќи ги САД против „секакви провокативни потези“ кои би можеле да ја влошат ситуацијата.

Еден ден откако кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди дека другите земји не треба да се мешаат во односите на Пекинг со Тајван, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Русија цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

„Сметаме дека ниту една друга земја нема право да го доведува во прашање или да преземе какви било провокативни чекори“, изјави Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој ги предупреди САД да не прават „деструктивни“ потези, наведувајќи дека „ваквото однесување на меѓународната сцена може само да ги влоши тензиите, бидејќи светот е веќе полн со регионални и глобални проблеми“.

Острата изјава на Песков ги одразува блиските врски меѓу Москва и Пекинг, кои станаа уште позатегнати откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Кина одбива да ја осуди руската инвазија на Украина, тврдејќи дека САД и НАТО ја испровоцирале Москва и ги критикува санкциите што западните земји ги воведоа кон Русија.

Кинеската влада не посочи дали Кси и Бајден разговарале за можната посета на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во четвртокот, но Кси го осуди „мешањето на надворешните сили“.

Острата реторика на кинескиот претседател, кој дава главно позитивни коментари во јавноста, укажува дека кинеските лидери можеби веруваат дека Вашингтон не ја разбрал сериозноста на претходните предупредувања на Пекинг во однос на Тајван.

Народна Република Кина и Тајван, чие официјално име е Република Кина, имаат посебни влади од Кинеската граѓанска војна во втората половина на 1940-тите. По поразот во граѓанската војна против комунистите, националистите, предводени од Чианг Каи Шек, се преселиле во Тајван, остров на 160 километри од кинеското копно, и таму воспоставиле влада во 1949 година.

Оттогаш, Тајван ефикасно функционира како независна држава, но Пекинг се противи на какви било официјални контакти на тајванската влада со други земји, бидејќи го смета островот за дел од својата територија. Како што Пекинг го смета островот за дел од својата територија, така и Тајван номинално ја смета целата територија на Народна Република Кина за своја.

Можеби ќе ве интересира

Кремљ: Немаме сознанија дека нашата војска користи ирански дронови

M T

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Кремљ призна: Имаше грешки за време на мобилизацијата

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Прв случај на мајмунски сипаници во Кина

M T