14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кремљ: Немаме сознанија дека нашата војска користи ирански дронови

Кремљ соопшти дека нема сознанија за тоа дека руската војска користи ирански беспилотни летала во Украина.

Соопштението на Кремљ дојде откако Киев и Западот соопштија дека Москва користела ирански беспилотни летала за да изврши смртоносни напади во Украина.

Два објекти се сериозно оштетени во централниот град Днипро, а регистрирани се прекини на струја во Житомир. Гранатирање беше забележано во североисточниот град Харков. Последните напади се случија 24 часа откако Киев беше погоден од беспилотни летала, за кои се верува дека се од иранско производство.

Претходно, САД соопштија дека се согласуваат со нивните француски и британски сојузници дека снабдувањето со беспилотни летала од иран ја прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН поврзана со нуклеарниот договор, со што се забранува трансфер на одредена воена технологија.

Можеби ќе ве интересира

Кремљ призна: Имаше грешки за време на мобилизацијата

M T

Кремљ откри за што ќе разговараат утре Путин и Џинпинг

M T

Кремљ: Не испраќаме гас во Европа поради санкциите; Гаспром: Не испраќаме поради дефекти

M T

Тајванската војска соборила беспилотно летало кај кинескиот брег

M T

Рускaта војска за 24 часа ликвидирала над 1.200 милитанти во Украина

M T

Кремљ ја поддржа Кина: САД да не го провоцираат Пекинг поради Тајван

M T