13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Јапонија тројно го зголеми увозот на руски гас

Јапонија во август го зголемила увозот на течен природен гас од Русија повеќе од три пати, се вели во документот објавен од Министерството за финансии на Јапонија.

Обемот на испораките на гас минатиот месец во однос на август 2021 година е зголемен за 211,2 отсто, додека годишниот увоз на нафта, во истиот период, е намален за 20,3 отсто.

Во август увозот на јаглен од Русија е намален за 32,6 отсто во однос на истиот период лани, додека увозот на руда е зголемен за 44,9 отсто. Покрај тоа, Јапонија го зголеми увозот на зеленчук од Русија за 154 отсто, но го намали увозот на жито и соја за околу 95 отсто.

Вкупниот обем на извозот од Јапонија во Русија во август е намален за 24,3 отсто на годишно ниво и изнесува 384 милиони долари, додека увозот на руски производи во Јапонија за истиот период е зголемен за 67,4 отсто и изнесува 1,15 милијарди долари.

На крајот на јуни, земјите од Г7, меѓу кои е и Јапонија, потврдија дека сакаат да ја намалат зависноста од руските извори на енергија, а во септември да ја ограничат цената на нафтата.

Планирано е ограничувањето на цената да започне на 5 декември 2022 година за нафтата и на 5 февруари 2023 година за нафтените деривати.

Москва предупреди дека земјите кои применуваат ценовни ограничувања ќе останат без нафта.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

САД, Јапонија и Јужна Кореја со осуда за истреланата балистичка ракета: Тоа е неприфатливо

M T

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T