5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД: Кина ги повторува руските безбедносни идеи поврзани со војната во Украина

Американскиот Стејт департмент оценил дека Кина продолжува да повторува некои руски идеи за безбедноста поврзани со војната во Украина, вклучувајќи го и концептот на Кремљ за „неделлива безбедност“, пренесуваат медиумите во светот.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс ова го кажал на прес-конференција, запрашан за коментар за говорот на кинескиот лидер Кси Џинпинг, во кој тој го споредил концептот со неговата „глобална безбедносна иницијатива“.

Прајс повторил дека Кина ќе се соочи со тешки последици ако обезбеди материјална помош за руските воени напори во Украина, но тој исто така посочил дека Вашингтон сè уште не видел Пекинг да и дава таква помош на Москва.

„Соединетите Американски Држави ќе продолжат да го почитуваат меѓународниот систем што го изградија со партнери со слична посветеност, кој се заснова на почитување на човековите права, суверенитет и самоопределување“, кажал Прајс.

„Ние сме посветени на одржување на различни системи кои некои земји, вклучувајќи ги Русија и Кина, се обидуваат да ги оспорат, а во некои случаи сакаат да ги соборат, па дури и да ги уништат“, истакнал Прајс, мислејќи на Кина.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Џефри Сакс: Зад саботажата на „Северен тек“ можеби стојат САД и Полска

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T