20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пресудите за „Плацеви на Водно“ се нова потврда, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија

Пресудите во предметот „Плацеви на Водно“ се уште една силна потврда на она што граѓаните, македонската јавност, сите многу добро го знаат: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, велат од партијата на власт.

„Шефот на Мицкоски е осуден со нова судска пресуда од 7 години. Перење пари, противправно богатење, криење имот па дури и злоупотреба на пари од членови на ВМРО-ДПМНЕ се кривичните дела што шефот Мицкоски ги сторил во овој судски предмет. Овие кривични дела за коишто сега веќе има судска пресуда се направени и во 2015 година, период кога Христијан Мицкоски му бил советник на Никола Груевски“, е наведено во писмената реакција од страна на СДСМ.

„По случаите „Тенк“ и „Насилство во Центар“ ова е трета пресуда со затворска казна за Груевски. Но зошто молчи Мицкоски? ВМРО-ДПМНЕ останува најкриминалната партија во Европа, а Мицкоски останува единствениот на браникот на криминалот“, додаваат од владејачкиот СДСМ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Потврдена криминална партија како ВМРО-ДПМНЕ освен криминал не може да понуди ништо

M T

СДСМ: По вчерашните пресуди, Христијан Мицкоски мора да си поднесе оставка заедно со неговиот Извршен комитет

M T

Над 250 пресуди во Британија поради педофилија во извидничките организации

M T