13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Mнозинството Германци се против испораката на оружје во Украина

Mнозинството Германци се против испораката на оружје во Украина, а добар дел сакаат поранешната канцеларка Ангела Меркел да ја преземе улогата на посредник во конфликтот меѓу Украина и Русија, објавија германските медиуми.

68 отсто од анкетираните се против испораката на германско оружје во Украина, а само 22 отсто се за тоа, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од Институтот „Инса“.

Според истата анкета, 43 отсто од испитаниците сакаат економски санкции против Русија, 25 отсто дипломатски и само седум отсто воени.

Во исто време, 64 отсто од испитаниците не се подготвени да платат повисоки цени, како што е гасот, поради санкциите.

Кога станува збор за улогата на германските политичари во конфликтот во Украина, Германците веруваат дека поголема улога би можеле да одиграат поранешната канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот претходник Герхард Шредер.

51 отсто од анкетираните веруваат дека Меркел би можела да биде посредник меѓу руското и украинското раководство, а 46 отсто сметаат дека улогата би можел да ја преземе Герхард Шредер, кој е познат како пријател на Владимир Путин.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T