3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУС

Извршниот директор на Модерна тврди дека постојат сигурни индикации дека пандемијата е во завршна фаза

Извршниот директор на фармацевтската компанија Модерна, Стефан Бансел, во интервју за CNBC рече дека „разумно е да се претпостави дека веројатно се приближуваме до последната фаза на пандемијата“.

„Мислам дека тоа е разумно сценарио“, рече тој за CNBC на прашањето за ставовите дека пандемијата „Ковид-19“ сега е во завршна фаза.

Тој објасни дека има 80 проценти шанси дека како што се развива вирусот омикрон или SarsCov-2, ќе видиме се помалку и помалку моќни видови на овој вирус.

Тој, исто така, рече дека постои друго сценарио каде што има 20 проценти шанси да ја видиме следната мутација која би била повирулентна од омикрон.

– Мислам дека глобално имавме среќа што омикронот не беше многу вирулентен или предизвика потешка клиничка слика, но сепак гледаме илјадници луѓе кои секојдневно умираат низ планетата поради омикрон – предупреди Бансел.

Според Светската здравствена организација, во последните седум дена во светот се пријавени 15,47 милиони нови случаи, а во истиот период починале 73.162 лица.

Некои медицински истражувања потврдија дека високо заразната омикронска варијанта на коронавирус сè уште предизвикува поблаги форми на болеста КОВИД-19 отколку што беше случајот со варијантата делта, но сепак е опасен вирус, особено за невакцинирани лица.

Во јануари оваа година, фармацевтската компанија Модерна објави дека ќе започне клиничко испитување на ефикасноста на специјалната засилена вакцина развиена против омикронската варијанта на коронавирусот.

Првите волонтери веќе добија бустер доза. Во студијата ќе учествуваат 600 возрасни лица на возраст над 18 години.

Здравствените власти, исто така, нагласија дека заканата од варијантата омикрон може постепено да исчезнува.

Сепак, директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, во јануари предупреди дека е опасно да се претпостави дека пандемијата е при крај.

Всушност, тој рече дека „не сме ни блиску до крајот“ и предупреди дека најверојатно ќе се појават нови варијанти додека Омикрон се шири на глобално ниво.

Главниот медицински директор на Белата куќа, Др. Ентони Фаучи, исто така, минатиот месец рече дека сè уште има „отворено прашање дали варијантата омикрон ќе го означи последниот бран на пандемијата“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Забележани големи разлики во просечниот животен век во текот на втората година од Ковид-19

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Пандемијата влијаеше на падот на бројот на новороденчиња и бракови во Кина

M T

Немојте да мислите дека пандемијата заврши: Еве кога не очекуваат нови бранови

M T

Пандемија? Криза? – Светот никогаш не бил побогат

M T

Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото

M T