11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Пандемијата влијаеше на падот на бројот на новороденчиња и бракови во Кина

Пандемијата на коронавирусот придонесе за намалување на бројот на бракови и раѓања во Кина, која во последните години беше погодена од високите трошоци за образование и одгледување деца, објави кинеската Национална здравствена комисија.

Многу жени ги одложуваат своите планови да се омажат или да имаат деца, соопшти Комисијата, додавајќи дека брзиот економски и социјален развој довел до „длабоки промени“.

Младите кои се преселуваат во урбаните средини, повеќе време поминато на образование и работните средини под висок притисок одиграа улога, додаваат тие.

Демографите сугерираат дека бескомпромисната кинеска политика „нулта стапка на Ковид“ придружена со строга контрола врз животите на луѓето може да предизвика длабока и трајна штета на нивната желба да изберат да имаат деца.

„Коронавирусот имаше јасно влијание врз договорите за брак и раѓање деца“, наведе Комитетот.

Бројот на новороденчиња во Кина оваа година треба да падне на рекордно ниско ниво, предупредуваат демографите. Ќе има помалку од 10 милиони новороденчиња, во споредба со минатогодишните 10,6 милиони бебиња – помалку за 11,5 проценти од 2020 година.

Кина имаше стапка на фертилитет од 1,16 во 2021 година, една од најниските стапки во светот и под стапката од 2,1 што ОЕЦД смета дека е неопходна за стабилно население. Кина воведе политика на едно дете од 1980 до 2015 година и сега признава дека нејзиното население е на работ на потенцијална криза што ќе ја тестира нејзината способност да финансира и да се грижи за старите лица.

За справување со овој проблем, властите на национално и на провинциско ниво минатата година воведоа мерки како даночни олеснувања, подолго породилно отсуство, засилено здравствено осигурување, субвенции за домување и дополнителни финансиски средства за трето дете.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Забележани големи разлики во просечниот животен век во текот на втората година од Ковид-19

M T

Немојте да мислите дека пандемијата заврши: Еве кога не очекуваат нови бранови

M T

Пандемија? Криза? – Светот никогаш не бил побогат

M T

Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото

M T

Најеминентните експерти откриваат дали на планетата и се заканува пандемија на мајмунски сипаници

M T

Само осум проценти од работниците се вратија на работа во канцелариите на Менхетен по коронавирусот

M T