11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Забележани големи разлики во просечниот животен век во текот на втората година од Ковид-19

Драматична разлика во просечниот животен век на луѓето меѓу разни региони во светот се појавила во текот на втората година од пандемијата на коронавирусот, покажува студија, според која во Хрватска е забележано намалување на очекуваниот животен век за 11,6 месеци.

Истражувањата покажуваат дека повисоките стапки на вакцинација им помогнале на некои нации да закрепнат многу побргу од другите

Бидејќи владите водеа разни статистички податоци за Ковид-19, научниците се обидоа да добијат појасна слика за вистинското влијание на пандемијата со мерење на вкупниот број годишни смртни случаи во земјите од сите причини и споредувајќи го со бројот пред пандемијата.

Минатата година, научниците од Леверхулм, центарот за демографска наука на Универзитетот во Оксфорд, рекоа дека во 2020 година пандемијата предизвика најголемо намалување на очекуваниот животен век од Втората светска војна. Но, во 2021 година се појавува ненадејна дивергенција, рече Риди Кашјап, професор по демографија на „Оксфорд“ и коавтор на најнова студија.

„Некои земји почнуваат да покажуваат знаци на закрепнување“, а во други ситуацијата „се влошува, загубите се зголемуваат“, рече тој.

Научниците ги анализираа податоците за смртноста во 29 европски земји вклучувајќи САД и Чиле од 2015 година. Во многу западноевропски земји очекуваниот животен век се врати на нивоата пред пандемијата.

Франција, Белгија, Швајцарија и Шведска дури успеаја целосно да се вратат на бројката од 2019 година. Сепак, во Источна Европа очекуваниот животен век падна на ниво што не е забележано од распадот на Советскиот Сојуз, се вели во студијата.

Во Бугарија очекуваниот животен век се намали за 25 месеци во 2021 година откако падна за 18 месеци претходната година, што значи дека е намален повеќе од три и пол години од почетокот на пандемијата. Бугарија има најниска стапка на вакцинација во Европската Унија.

Според тоа, во 2021 година во Хрватска е забележано намалување на животниот век за 11,6 месеци, во однос на 9,4 месеци пред една година, а во Словенија има зголемување од 3,1 во 2021 година и намалување од 10,4 месеци претходната година.

„Бугарија, Чиле, Хрватска, Чешка, Естонија, Германија, Грција, Унгарија, Литванија, Полска и Словачка претрпеа значително поголеми дефицити во очекуваниот животен век во 2021 година отколку во 2020 година, што укажува на влошување на товарот на смртност за време на пандемијата“, се додава во студијата.

Истражувањето покажува дека Хрватска, Грција, Унгарија, Северна Ирска и Словачка речиси не забележале загуби на живот кај возрасната група од 40 до 59 години во 2020 година, но имаат значително зголемување на смртноста во истата група во 2021 година.

Земјите што имале поголем процент од населението целосно вакцинирано до октомври 2021 година имале помал пад на очекуваниот животен век, покажа студијата.

„Ова сугерира дека постои јасна врска“, рече Кашјап.

Возраста на луѓето што умираат од Ковид-19 исто така се префрли кон помладите луѓе, при што очекуваниот животен век над 80 се враќа во нормала на многу места.

Тоа е „делумно знак дека вакцините навистина ги штитат постарите лица“, рече Кашјап.

Во САД стапката на смртност кај луѓето над 80 години се врати на нивоата пред пандемијата, но стапките на смртност се зголемија за средовечните и помладите, што резултира со опаѓање на очекуваниот животен век во земјата за речиси три месеци.

Во групата на луѓе над 60 години, Словачка, Хрватска и Унгарија се издвојуваат како земји со изненадувачки висок дефицит во очекуваниот животен век со оглед на нивната стапка на вакцинација.

Јонас Шоли, коавтор на студијата од германскиот институт за демографски истражувања „Макс Планк“, рече дека земјите како „Шведска, Швајцарија, Белгија и Франција успеале да закрепнат на нивоата на очекуваниот животен век пред пандемијата бидејќи успеале да ги заштитат и старите и младите“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пандемијата влијаеше на падот на бројот на новороденчиња и бракови во Кина

M T

Немојте да мислите дека пандемијата заврши: Еве кога не очекуваат нови бранови

M T

Пандемија? Криза? – Светот никогаш не бил побогат

M T

Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото

M T

Најеминентните експерти откриваат дали на планетата и се заканува пандемија на мајмунски сипаници

M T

Само осум проценти од работниците се вратија на работа во канцелариите на Менхетен по коронавирусот

M T