12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лекар во Англија силувал 99-годишна старица во дом за стари лица, добил доживотен затвор

Здравствен работник во Англија е осуден на доживотен затвор кога бил фатен како силува 99-годишна штитеничка во оддел од старскиот дом во кој работел.

Нејзиното семејство сето тоа беспомошно го следело преку скриена камера.

Филип Кери (48) признал дека ја нападнал жртвата во дом за стари лица во Блекпул, Ланкашир. Тој бил фатен откога семејството на 99-годишната жена поставило скриена камера во нејзината соба и го снимило неговото малтретирање.

Кери беше осуден на доживотен затвор со минимална казна од 10 години.

Обвинителите за време на судењето изјавија дека семејството на старицата било загрижено кога нејзиното однесување наеднаш се променило. Таа не дозволувала физички контакт и ги молела роднините да не ја оставаат во домот бидејќи некој ќе ја повреди.

Семејството потоа поставило скриена камера во нејзината соба за да се обиде да открие што точно се случува. На нивен ужас го виделе Кери како влегува во собата и ја силува старицата. Веднаш повикале полиција, која го уапсила. Кери се изјасни за виновен пред судот откога обвинителите презентираа форензички докази и презентираа снимки.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Најмалку 15 загинати и 21 повреден во бунт во затвор во Еквадор

M T

Киев најавува казни до 15 години затвор за земање руски пасош

M T

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Приведен скопјанец за издржување затворска казна

M T

Приведен крадец во Скопје, ќе биде спроведен во затвор

M T

Приведен крадец во Куманово, спроведен во затвор

M T