5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Секој трет тестиран во Македонија е позитивен на коронавирус

Според последната статистика, минатата недела се регистрирани 11.916 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 38.518 земени примероци или секој трет тестиран бил позитивен на вирусот. Во Скопје и понатаму има најголем број на заразени. Минатата недела во Кавадарци имаше највисока, а во Дебар најниска стапка на зараза.

За една недела се пријавени 148 смртни случаи што е за 38,3 отсто повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од починатите се од Скопје и повеќето се на возраст над 60 години, се наведува во последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на пандемијата, во Македонија починале 8.409 лица како последица на вирусот, а над 80 проценти од нив имале и други здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, дијабет, белодробни, невромускуларни, бубрежни заболувања и карцином. Починале и 13 лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 6.494 реинфекции, а 17-мина се заразиле по третпат.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.

Можеби ќе ве интересира

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Македонија ќе купи од Франција опрема за противвоздушна одбрана

M T

Михаел Рот денеска во Македонија на средби со државниот врв

M T

Во Македонија не е регистриран случај на мајмунски сипаници

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T