Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

183 санкции за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден (31.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 183 возачи. Од нив, деветмина се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СЕ РАЗВЕДУВААТ, НО КРЕДИТОТ ОСТАНУВА – Кој продолжува да ги плаќа заедничките долгови?

ДЕСК

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО СОБРАНИСКА ДЕБАТА – Дезинформациите и вештачката интелигенција пред пратениците

ДЕСК

ПЛАТИТЕ ВО ОДБРАНАТА ВО ФОКУСОТ – Мисајловски денеска ќе ги претстави плановите за зголемување

ДЕСК