8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Русија и Кина развиваат високотехнолошки оружја

Русија и Кина заеднички развиваат високотехнолошки оружја додека остваруваат соработка во областа на безбедноста, изјави денеска рускиот претседател, Владимир Путин, на традиционалната годишна прес-конференција.

„Со Кина соработуваме на полето на безбедноста. Вооружените сили на Кина се опремени со најнапредни системи за оружје“, рече Путин.

„Дури и заедно развиваме одредени видови високотехнолошки оружја. Соработуваме во сферата на вселената и производството на авиони и хеликоптери“, рече рускиот претседател.

Путин ги пофали руско-кинеските стратешки врски како фактор на стабилизација на глобалната сцена.

„Ова е целосно сеопфатно стратешко партнерство, кое е без преседан во историјата, барем меѓу Русија и Кина. Секојдневната активна работа е поволна и за Кинезите и за Русите и останува сериозен стабилизирачки фактор на меѓународната сцена“, заклучи Путин.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T