7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Путин за коронавирусот на годишната прес-конференција: Оваа борба продолжува

Во Москва денеска почна традиционалната годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин, а на самиот почеток тој се осврна на борбата против коронавирусот.

„Оваа борба продолжува, знаеме за опасностите од ширењето на омикрон“, рече Путин.

Поради мерките против коронавирусот, годинава бројот на новинари е ограничен на нешто повеќе од 500, а конференцијата се одржува на поголем простор.

Зборувајќи за вакцинацијата, Путин рече дека и другите земји имаат проблеми со ниското ниво на вакцинација, на пример, Германија.

„Колку што знам, 59,4 отсто од граѓаните во Русија се вакцинирани. Не е доволно. Потребен ни е колективен имунитет од 80 отсто. Се надевам дека ќе го достигнеме тоа ниво в година“, истакна Путин.

Третото прашање се однесува на рамнотежата помеѓу ограничувањата поради коронавирусот и потребата да се спаси економијата.

Зборувајќи за поддршката за бизнисот во земјата, Путин изјави дека владата на Русија им помага на сите и особено побара од министрите поддршка за големите стопанства, кои работеа без прекин во тешкиот период.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T