17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМА

Бил Гејтс даде прогноза – Еве кога може да заврши пандемијата на коронавирус

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја нарече варијантата Омикрон на коронавирусот „загрижувачка“, но додаде дека „акутната“ фаза на пандемијата на коронавирус ќе заврши во 2022 година.

„Можеби е глупаво да се предвидат работите повторно, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши во одреден момент во 2022 година.

„Се надевам дека во иднина ќе размислувате за вирусот еднаш годишно – наесен додека ја примате заедничката вакцина против грип и коронавирус“, напиша Гејтс на својот блог.

Фармацевтските компании историски имале големи проблеми со продажбата на своите вакцини против грип, поради нивната релативно ниска стапка на ефикасност, како и поради фактот што научниците треба да предвидат кој вид на вирусот ќе биде распространет во дадена година.

Сепак, Бил Гејтс е оптимист во врска со терапијата и истакнува дека фармацевтскиот гигант Мерк неодамна доби одобрение од ФДА за својот антивирусен лек молнупиравир, наменет за лица со висок ризик од тежок КОВИД.

Пилулата „значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од КОВИД“, напиша тој.

Тој призна дека, и покрај примената на вакцините за корона, повеќе луѓе починале од Ковид оваа година отколку минатата година, и додаде дека подобрувањето оваа година не е „драматично“, како што се надеваа.

Тој додаде дека 2021 година била „најнеобичната и најтешката година во неговиот живот“, додека „се сомнева дека многу луѓе што го читаат ова би можеле да го кажат истото“.

Тој, исто така, се осврна на појавата на варијантата Омикрон на коронавирусот, за која рече дека е „загрижувачка“, но нагласи дека „светот е подобро подготвен да се бори со потенцијално опасните варијанти“ отколку што беше.

Да потсетиме, Гејтс постојано се жалеше на нееднаквата дистрибуција на вакцини низ светот, нарекувајќи ја „најголемото разочарување“ за него и велејќи дека „нема смисла“ да се вакцинираат лица со низок ризик пред постарата и ранлива популација во посиромашните земји.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Забележани големи разлики во просечниот животен век во текот на втората година од Ковид-19

M T

Пандемијата влијаеше на падот на бројот на новороденчиња и бракови во Кина

M T

Немојте да мислите дека пандемијата заврши: Еве кога не очекуваат нови бранови

M T

Пандемија? Криза? – Светот никогаш не бил побогат

M T

Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото

M T

Најеминентните експерти откриваат дали на планетата и се заканува пандемија на мајмунски сипаници

M T