27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шведската премиерка поднесе оставка само неколку часа по именувањето

Првата шведска премиерка, Магдалена Андерсон, поднесе оставка само неколку часа по нејзиното назначување.

Андерсон утрово беше избрана во парламентот, а неколку часа подоцна поднесе оставка бидејќи нејзиниот предлог-буџет не доби поддршка, а центристичката партија која беше коалициски партнер ја напушти владата.

Наместо предлогот на премиерката, шведскиот парламент го прифати предлог-буџетот што дојде од десничарската опозиција.

Андерсон пред новинарите изјави дека го информирала претседателот на парламентот дека сака да поднесе оставка, но и дека ќе се обиде повторно да стане премиер.

Можеби ќе ве интересира

Шведската премиерка поднесе оставка

M T

Руски локални претставници побарале оставка од Путин „Тој не е монарх, тој зема плата од нашите даноци“

M T

Премиерката на Нов Зеланд: Ќе станеме република, но не наскоро

M T

Шефот на јапонската полиција поднесе оставка поради убиството на Шинзо Абе

M T

Трас: Ако станам премиерка на Британија ќе сторам се Путин да претрпи стратешки пораз

M T

Соработничка на Орбан поднесе оставка по неговата изјава дека е против мешање на расите

M T