Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Радев очекува дијалогот со Скопје да доведе до конкретни резултати

Бугарија очекува дијалогот со Македонија да доведе до конкретни резултати. Ова го изјави претседателот Румен Радев во телефонскиот разговор со Оливер Вархеj, одржан на иницијатива на еврокомесарот за проширување.

Радев истакна дека Софија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и вистинска акција од југозападниот сосед.

Бугарскиот претседател смета дека агендата на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да подлежи на надворешни влијанија, туку треба отворено да се следи со обврски од двете страни, кои треба да го придвижат процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.

Како главен фокус на овој дијалог, претседателот го истакна почитувањето на правата на граѓаните со бугарски идентитет во Република Северна Македонија, трајното искоренување на говорот на омраза и почитувањето на бугарската историја и културното наследство кај југозападниот сосед.

Можеби ќе ве интересира

„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства

ДЕСК

ЗИМАТА ТРОПА НА ВРАТА – Македонија ја очекуваат снег, дожд и силен ветер, температурите одат во минус

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА КРАВИ ЗАВРШИЛА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ – Нападната 67-годишна жена во кривопаланечко

ДЕСК