9.8 C
Скопје
6. декември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет

Болсонаро ја отфрла вината дека лошо управувал со пандемијата: Од првиот момент, постапивме правилно

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро негираше дека има грешки во начинот на кој неговата администрација се справи со кризата од пандемијата на коронавирус, откако парламентарната комисија упати сериозни обвинувања против него.

Во исто време, Болсонаро ја критикуваше парламентарната комисија.

„Би било добро доколку комисијата направи нешто продуктивно за Бразил. Не постигнаа ништо друго освен омраза и непријателство, но знам дека ние не сме одговорни за ништо. Од првиот момент, постапивме правилно“, нагласи Болсонаро.

Во извештајот објавен по шестмесечна истрага на парламентарната комисија се наведува дека Болсонаро треба да биде обвинет за голем број прекршоци поради начинот на кој ја решил кризата поврзана со пандемијата од Ковид-19.

Болсонаро е обвинет дека не успеал да го стави под контрола коронавирусот во кој загинаа повеќе од 600.000 Бразилци.

Извештајот, исто така, посочува дека експертската комисија се залага Болсонаро да се соочи со девет точки од обвинението, а исто така се препорачува да биде обвинет за убиство и геноцид врз домородните групи.

Авторот на извештајот, сенаторот Ренан Калеирос, истакна дека истражниот комитет ја докажал вмешаноста на претседателот во илјадници смртни случаи од Ковид- 19.

За извештајот допрва треба да се гласа во Сенатот, каде сè уште може да се стави вето или да се смени текстот за да нема гаранција дека ќе доведе до кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Кинески научници влеваат нова надеж за крај на пандемијата

M T

Само што излезе, Земан повторно вратен во болница – позитивен е на Ковид-19

M T

Брајан Адамс позитивен на Ковид-19 по летот за Италија

M T