20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСИЗБОР

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формираше нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е „последна шанса“ да се утврди потеклото на вирусот САРС-КоВ-2 и ја повика Кина да соработува.

Првиот случај на Kовид-19 кај човечката популација беше регистриран во кинескиот град Вухан во 2019 година, и Кина отсекогаш ги негираше обвинувањата дека вирусот потекнува од нејзините лаборатории и објави дека посетите на службениците на СЗО повеќе не се неопходни.

СЗО назначи 26 членови на Научно-советодавната група за потеклото на новите патогени, меѓу кои Марион Копманс, Теа Фишер, Јанг Јунгуи, кинески експерт кој учествуваше во заедничката истрага во Вухан.

Покрај вирусот корона, тимот ќе го испита потеклото на други патогени со висок ризик.

„Разбирањето од каде доаѓаат новите патогени е клучно за спречување на идните епидемии“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Претходно, Тедрос и други претставници на СЗО рекоа дека „не може да се исклучи лабораториска несреќа“ како потенцијален извор на пандемијата.

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T