6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Австрија го блокира надоместокот за невработените лица кои одбиваат вакцинација

Австриската служба за вработување одлучи да ги блокира надоместоците за невработеност за оние кои не сакаат да се вакцинираат.

Од таму се на ставот дека невработените не можат да ја одбијат понудената работа ако за тоа е потребна вакцина против коронавирусот.

Иако во Австрија не постои општа обврска за вакцинација, се повеќе компании бараат вакцинација против коронавирус од новите вработени.

Во Долна Австрија, на пример, обврската за вакцинација е во сила во сите провинциски служби од 1 септември.

Ваквите правила сега имаат последици и за невработените.

Министерот за труд, Мартин Кочер, со указ и наложи на Службата за вработување да ги блокира надоместоците за невработеност за луѓето кои одбиваат вакцинација.

Во декретот се наведува дека невработените не можат да одбијат работа само затоа што е потребна вакцина пренесуваат медиумите.

Оној што како невакциниран, одбива да аплицира за понудената работа или да не ја прифати, може да го загуби надоместокот за невработеност во период до шест недели.

Инаку и на седницата на здравствената комисија во австрискиот парламент се случи скандал кога претседателот на австриската лекарска комора, Томас Секерес, беше наречен лажго од пратениците на Партијата за слобода на Австрија (ФПО).

Пратеникот на ФПО, Питер Вурм, во неколку наврати го нарече Секерес лажго, поради што шефот на Лекарската комора одлучи да ја напушти седницата.

Секерес рече дека се обидел да ја пренесе моменталната состојба на науката во врска со пандемијата од коронавирусот.

Секерес посочил дека е важно и корисно да се вакцинираат и дека ова е единствената шанса во борбата против пандемијата.

Сепак, пратеникот Вурм наводно реагирал на неговото тврдење дека нема целосно имунизирани пациенти на интензивна нега.

Имено, Вурм вели дека властите на градот Виена се доказ дека ова е лага.

Инаку, според анализите на австриските медиуми, Партијата за слобода во Австрија-ФПО ги поддржува антиваксерите во Австрија и се противи на ковид мерките.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Претседателот на Австрија се лизнал додека се шетал во парк, добил помал потрес на мозокот

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T

Пекинг воведе задолжителна вакцинација против ковид – Кој сака во градот мора да се вакцинира

M T

Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

M T

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

M T