17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Франција суспендирани 3.000 здравствени работници што не се вакцинирани

Речиси три илјади невакцинирани здравствени работници се суспендирани во Франција, соопшти министерот за здравство, Оливие Веран, еден ден откако таа држава ја направи вакцинацијата задолжителна за сите здравствени работници и за персоналот во домовите за стари и изнемоштени лица.

Владата на претседателот Емануел Макрон го воведе ова правило со цел да се зголеми нивото на вакцинација и да се спречи нов бран на инфекција наесен за кој експертите сметаат дека би можел да го загрози економското закрепнување на Франција.

„Повеќето суспензии се само привремени. Многумина од нив, сепак, одлучија да се вакцинираат бидејќи видоа дека обврската за вакцинација е реалност“, изјави Веран за француското радио РТЛ.

Според локалниот весник „Ница матин“, речиси 450 здравствени работници се суспендирани во болница во јужниот град Ница.

Можеби ќе ве интересира

Генерален штрајк во Франција: Граѓаните револтирани поради зголемените трошоци за живот

M T

Крадци во Франција со години ограбувале патници во возовите

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Франција и Германија заедно против енергетската криза: На едната ѝ е потребен гас, а на другата струја

M T

Македонија ќе купи од Франција опрема за противвоздушна одбрана

M T

НУРЕДИНИ: Очекувам првите количини на линдан безбедно да стигнат во Франција

M T