7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Исплатени над 230 милиони денари за субвенции во земјоделството и руралниот развој

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 4.846 субјекти исплати 230,1 милиони денари за субвенции. Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, информира дека овие исплати се за неколку мерки.

„По три денари од килограм добиваат градинарите што оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. Денеска, за оваа мерка на сметките на 3.310 градинари исплативме 168,9 милиони денари. Вчера беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите што минатата година имаа произведена зелка во период од 5 април до 5 мај 2020 година. Тие добиваат по 3 денари за килограм, односно вкупно 708 лица добија финансиска поддршка од 30,4 милиони денари, кои имаа произведено пролетна зелка од почетокот на април до почетокот на мај лани и ја имаа предадено кај регистрирани откупувачи. А средства на сметките добија и сите земјоделци што оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари за килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети. Веќе утре на сметките на 656 мали земјоделски стопанства ќе бидат исплатени над 14 милиони денари“, истакна Бачовски.

Според надлежните, исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи.

„Сите што правно законски стекнале право за добивање финансиска поддршка во земјоделството и не се должници за вода, пашарина или закуп на земјоделско земјиште, ќе си ги добијат средствата за мерките за кои имаат аплицирано. Земјоделците се наш партнер, нивно е да произведуваат квалитетни култури, а Владата и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и политики што ќе овозможат поволни услови за развој на агросекторот“, потенцираат од Агенцијата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци – За прв пат се воведува и можност за авансна исплата

M T

СДСМ: Вложуваме во земјоделството и се грижиме за сите земјоделци и сточари

M T

СДСМ: Нова поддршка за земјоделството, полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците

M T

Бачовски: Исплатени 204 милиони денари субвенции за земјоделство за повеќе мерки

M T

Конференција за предизвиците и решенијата за развој на земјоделството и прехранбената индустрија во регионот

M T

Субвенциите за купување на куќа или стан од 50.000 евра можат да стигнат до 20.000 евра: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

CENTAR MKD